Удар за Ливерпул – Гомез мора на операција

Јирген Клоп ќе мора да продолжи со „крпена одбрана“ да ја брани предноста во однос на Манчестер Сити, откако денеска беше објавено дека Ливерпул уште долго време ќе мора да се снаоѓа без помошта на Џо Гомез. Англискиот репрезентативец одлично ја стартуваше сезонава и беше прва опција за партнер на Ван Дајк, но во декември заработи незгодна повреда на ногата.

Лекарите се обидуваа да го оспособат Гомез без операција, но откако тоа не вроди со плод денеска беше обелоденето дека врз овој одбранбен играч ќе мора да биде извршен хируршки зафат.

За мене најважно е кога ќе се вратам, да бидам максимално подготвен, а оваа операција ќе ми го овозможи тоа. Ќе работам напорно за камбекот да се случи што поскоро“ – изјави Гомез.

Засега нема конкретна информација кога Гомез би може да се врати во тимот на Ливерпул, а Јирген Клоп е оптимист дека тоа ќе се случи во текот на месец април.

Се вчитува...