Удар за ПСЖ: Ди Марија го пропушта дуелот со Барселона

ПСЖ ќе биде сериозно ослабен за првиот осминафинален натпревар од Лигата на Шампионите против Барселона откако Анхел ди Марија отпадна од комбинација за настап на мечот што ќе се игра следниот вторник на „Камп Ноу“.

Аргентинецот се повреди во првото полувреме од натпреварот со Олимпик Марсеј, веднаш мораше да биде повлечен од игра, а деталните прегледи покажаа кинење на мускулни влакна. Првичната информација од таборот на ПСЖ беше дека Ди Марија ќе паузира најмалку една седмица, но тренерот Маурицио Покетино денеска јасно стави до знаење дека неговиот сонародник нема шанса да биде во составот за гостувањето во Каталонија.

„Ди Марија нема да игра против Барселона. Сите фудбалери мора да се стопроцентно подготвени, нема да ризикуваме да дојде до нови повреди. Тој е важен играч за нас, но верувам дека оној што ќе го замени добро ќе ја заврши работата“, изјави Покетино.

Се вчитува...