ПСЖ скапо ја плати синоќешната победа над Тулуз, откако тешка повреда во второто полувреме заработи големото засилување на „светците“ од летниот преоден рок, дефанзивецот Милан Шкринијар.
Овој 28-годишен фудбалер го повреди скочниот зглоб, а првичните прегледи покажаа сериозно оштетување на лигаментите. Деталните лекарски прегледи ќе покажат колку долго ќе мора словачкиот интернационалец да отсуствува, но прогнозите велат дека паузата нема да биде помала од два месеци, а постои и сериозна опасност тој воопшто да не се врати на терените до крајот на оваа натпреварувачка сезона. Тренерот Енрике веќе не може да смета на Кимпембе, кој поради незгодна повреда е во аут до крајот на сезоната.
Изборот на централни дефанзивци во таква ситуација е лимитиран, па се очекува поголемо минутажа да добива младиот Бразилец Лукас Бералдо, за кого најпрвин беше предвидено во овие пет месеци да добие време за адаптација, но сега ќе мора да има далеку позначајна улога во тимот на „светците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

