Удар за Реал: Мбапе не се враќа до крајот на март

Повредата на Килијан Мбапе воопшто не е наивна и не се знае кога точно францусиот ас ќе може повторно да заигра за Реал Мадрид. Она што е јасно, најдобриот стрелец на Реал нема да може да настапува до крајот на овој месец, а лекарите на исклучуваат паузата да биде уште подолга.

Имено, Мбапе воопшто не беше присутен ниту на трибините на „Сантијаго Бернабеу“ при синоќешниот пораз од Хетафе, откако доби дозвола од клубот да отпатува за Париз на специјалистички прегледи кај лекарите на француската репрезентација.

Дијагнозата била иста – истегнување на лигаментите во левото колено, со тоа што Французите не се согласуваат со прогнозите од Мадрид дека Мбапе би можел повторно да заигра фудбал за дваесетина дена. Целта е голгетерот да биде максимално подготвен за СП 2026, поради што е препорачано целосно мирување, што значи дека асот на Реал ќе ја пропушти и мартовската турнеа на „триколорите“ во САД.

Позитивно во целата работа е што Мбапе нема да мора да оди на операција, но се уште е неизвесно кога тој може да се врати на терените, најверојатно во текот на месец април.

Се вчитува...