Удар за Рома: Абрахам опериран, пак ќе игра фудбал дури во 2024 година

Рома ќе мора да бара нов напаѓач за наредната натпреварувачка сезона по лошите вести што римскиот клуб ги доби по тешката повреда на Теми Абрахам заработена на последниот дуел со Специја.

Англискиот репрезентативец денеска беше опериран во клиниката Кромвел во Лондон, каде што хируршкиот зафат на оштетените лигаменти минал без никакви проблеми. Сепак, повредата е многу сериозна, поради што на Абрахам му претстои пауза од осум месеци од фудбалските терени.

Ова практично значи дека „волчицата“ ќе остане без својот најдобар класичен напаѓач до почетокот на 2024 година, со единствена опција – Белоти, кој имаше катастрофална прва сезона во дресот на Рома.

Се вчитува...