Удар за Русија: Џагоев „во аут“ до крајот на групната фаза

Русија тргна импресивно на СП 2018 со „петардата“ за Саудиска Арабија, но домаќинот на мундијалот се соочува со сериозен проблем во пресрет на двете клучни средби за пласман во осминафиналето. Повредата на Алан Џагоев воопшто не е наивна, па главниот фудбалер на „зборнаја“ сигурно ќе ги пропушти наредните два натпревари на својата селекција.

Имам лоши вести, ќе бидам подготвен дури за нокаут фазата ако се пласираме во осминафиналето. Се надевам дека ќе добијам шанса да заиграм повторно на овој мундијал“ – изјави Џагоев, кој беше заменет во 24. минута од премиерниот натпревар со Саудиска Арабија.

Русија утре го игра дуелот од второто коло против Египет, а на 25 јуни ќе се сретне со селекцијата на Уругвај.

Се вчитува...