Тотенхем се соочува сериозен проблем во пресрет на клучниот дел од сезоната откако најдобриот фудбалер на овој тим, Хари Кејн, заработи незгодна повреда на самиот почеток од мечот од ФА Купот против Милвол.
Кејн се најде во шанса во 5. минута, голманот го одбрани неговиот удар, но противничкиот играч при лизгачкиот старт ја закачи ногата на англискиот репрезентативец. Голгетерот остана да лежи на теренот, а откако неколку минути му беше укажувана лекарска помош се упати кон соблекувалните.
Според првичните информации станува збор за проблем со скочниот зглоб, а доколку се повредени лигаментите тоа сигурно ќе значи и подолга пауза од фудбалските терени за извонредниот голгетер на „спарси“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА