Дербито во 16 коло во Третата лига-исток што се одигра во Пирава меѓу Ударник и Овче Поле од Свети Николе заврши со вистински потоп на домашните фудбалери кои загубија дури со 6-3 и ги загубија сите шанси дека ќе играат бараж за пласман во Втората лига. Расположениот фудбалер на тимот од Свети Николе Тошо Манов постигна три гола и по овој меч води на листата на најдобрите стрелци во лигата со постигнати дури 18 гола.
Трета лига-исток 16 коло
Ударник – Овче Поле 3-6
Тиверија – Малеш 2-1
Брегалница – Дојранско Езеро 5-1
Карбинци – Хоризонт 0-3
Слободни беа Победа, Рудар и Светлост. На табелата води Овче Поле со 36, пред Победа од Валандово со 29 бода, но и две средби помалку одиграни.
Трета лига-југ 19 коло
Венец – Млекар 2-0
Борец – Ултрас 8-0
Тополка – Башкими 1-2
Росоман – Превалец 0-2
Бучим – Питу Гули 1-3
Слободни беа Влазними и Младост. На табелата води Борец со 49 пред Превалец со 43 бода и меч помалку одигран.
Трета лига-југозапад 12 коло
Влазними – Света Троица 2-1
Напредок – Кораби 3-2
Могила – Караорман 1-0
Славеј – Демир Хисар 5-2
Кравари беше слободен. На табелата води Влазними со 25 пред Славеј 23 и Могила 22 бода.
Трета лига-запад
Напредок – Влазерими 0-3
Речица – Дрита 5-2
Ренова – Љуботен 2-2
Вардар – Доброште 5-2
Џепчиште – Кајмани 3-3
На табелата води Кајмани со 37 пред Влазерим и со 35 бода.
Трета лига-север 18 коло
Ржаничани – Аеродром 1-2
Куманово – Кадино 0-0
Беса/Слупчане/ – Отља 4-3
Еуромилк – Башкими 7-0
Беса/Сарај/ – Студеничани 4-1
БВК Коњаре – Лопате 3-0 (службено)
На табелата води Еуромилк со 52, пред БВК Коњаре со 47 бода.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

