Удинезе и Лацио одиграа 1-1 во последниот натпревар во Серија „А“ денеска. На „Дачија Арена“ најголемите возбудувања се случија во првиот дел, кога паднаа и головите.
Делофеу во 5. минута донесе предност за домашните, а Андерсон во 45. минута ја анулираше. Во вториот дел немаше голови, само еден шут кон голот на Удинезе и тоа беше се од актерите на овој меч.
Илија Несторовски остана цел меч на клупата за домашните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА