Удинезе ја освои Џенова (ВИДЕО)

Удинезе славеше триумф на гостувањето кај Џенова благодарние на два гола во второто полувреме од средбата. И покрај тоа што Џенова во првиот дел имаше голем број шанси, ја погоди и пречката, но на крајот не успеа да дојде до гол, а на другата страна гостите ги искористија своите шанси.

Екелнкамп успеа да постигне гол со глава и да донесе предност. Одлично скокна по еден центаршут, и го совлада домашниот голман, а во финипот Дејвис ги постави конечните 0-2.

Тимот од Удине сега и дефинитивно го обезбеди опстанокот, додека Џенова ќе се бори до крај, иако во моментов е во нешто помирни води, затоа што има девет бода повеќе од опасната зона.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...