Удинезе ќе игра без публика поради расистичките испади кон голманот на Милан

Италијанскиот фудбалски клуб Удинезе следниот меч на домашен терен ќе го одигра без публика поради расистичките навреди од страна на своите навивачи кон голманот на Милан, Мајк Мањан.

Управата на Серија А донесе одлука поради бесот на јавноста за расистичките испади на публиката за време на мечот против Милан, во кој екипата од Милано победи со 3-2.

Навивачите на Удинезе на расна основа го навредуваа голманот на Милан, по што овој сакаше да го напушти теренот и да не игра.

Се огласија и ултрасите на Удинезе кои ги негираа сите обвинувања, и побараа од Мањан да докаже дека имало расизам.

Се вчитува...