Удинезе денес му врачи отказ на Луиџи Делнери и експерсно го ангажираше Масимо Одо за нов тренер на првата екипа. Поранешниот тренер на Пескара ги превзема „зебрите“ до крајот на сезоната, додека смената на Делнери пристигнува по поразот на домашен терен од 1-0 против Калјари во последното коло од Серија А.
41-годишниот италијански стратег две години се усовршуваше во Пескара, во сезоната 2015/2016 како третопласирана екипа во Серија Б успеа да им обезбеди пласман во елитата, но една сезона подоцна се врати во втората лига на Италија.
Удинезе по 13 кола во првенството се наоѓа на 13. позиција, но имаат заостанат натпревар со Наполи, а засега имаат забележано четири победио и осум порази, со вкупно освоени 12 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА