Удинезе му го зема скалпот на Интер, Лацио ја прегази Верона

Удинезе му го нанесе првиот пораз на Интер во сезоната откако во 2. коло славеше на гостувањето во Милано со 1-2 и тоа по целосен пресврт.

Дамфрис ги доведе „нероаѕурите“ во предност со гол уште во 17. минута од средбата, но веќе до полувремето преку искористениот пенал на Дејвис во 29. минута и голот на Ата во 40. минута Удинезе успеа да направи целосен пресврт.

Лацио пак ја оправда фаворитската улога против Верона славејќи со 4-0 со головите на Гендузи, Закањи, Кастеланос и Диа.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...