Удинезе продолжува да гази: Пресврт победа против Парма за прво место во Серија А (ВИДЕО)

Фудбалерите на Удинезе се вистински хит во новата сезона во италијанската Серија А. Тимот од Удине денеска во неверојатен натпревар славеше на гостувањето кај Парма со пресврт 2-3 во меч од 4. коло во Калчолигата.

Домаќините по првото полувреме имаа предност од 2-0 со головите на Дел Прато во 2. и Бони во 43. минута. Лука во 49. минута намали на 1-2, додека Туван во 68. минута израмни на 2-2. Голема победа за гостите донесе Туван во 77. со својот втор гол на натпреварот (2-3).

Со оваа победа Удинезе изби на првото место во Серија А со десет освоени бода по четири одиграни меча.

 

Parma 2-[3] Udinese – Florian Thauvin 77'
byu/Meladroitdimage insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...