Белгискиот фудбалер Аксел Витсел, ќе го засили тимот на Удинезе од Италија. Дефанзивецот на репрезентацијата на „Црвените ѓаволи“ ќе дојде во Удине како слободен агент, откако му истече договорот со Атлетико Мадрид, и истиот не беше продолжен.
Витсел во минатото беше дел од Зенит, а играше и за Борусија Дортмунд. Ова ќе му биде прв предизвик во Италија, откако играше и за Бенфика, Стандард Лиеж, а беше дел и од Тианџин од Кина. За Белгија Витсел има одиграно 132 натпревари, и постигнато 12 голови.
36-годишниот Витсел првично е играч за врска, но во Атлетико, Симеоне го форсираше на стоперската позицјиа каде се снајде одлично.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

