Рома го доживеа првиот пораз сезонава во Серија „А“, откако вечерва во слаба и бледа игра загуби убедливо од Удинезе со 4-0. Избраниците на Мурињо дефинитивно немаа своја вечер, особено потрфрлија во вториот дел кога примија три гола.
Удоги во 5. минута донесе водство за тимот од Удине. Во вториот дел Мурињо му даде шанса и на Белоти, но тоа не смени ништо, затоа што Самарџиќ во 56. минута зголеми на 2-0.
Слабата игра на Рома резултираше и со трет погодок кој го постигна Переира во 75. минута. Ловриќ во 82. минута продолжи да ја полни мрежата на Рома, додека Мурињо немоќно гледаше како неговите момци „потонаа“ на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА