Удинезе со гол во последните секунди освои бод против Лацио (ВИДЕО)

Екипата на Лацио беше пред седмата победа во Серија „А“ на гостувањето во Удине, но домашниот тим со гол во последните секунди од натпреварот успеа да освои бод на голема радост на своите навивачи.

До првиот гол, двата тима имаа шанси кои не ги искористија. Прилика имаше Заниоло кај Удинезе, и Нослин кај Лацио, но мрежите мируваа се до 80. минута.

И тогаш Матиас Весино прими еден пас и се одлучи да шутира од далеку, упати млак удар, меѓутоа топката закачи некој од дефанзивците на Удинезе и го смени правецот, завршувајќи во мрежата на Удинезе.

Удинезе не се предаде и во 95. минута од средбата, односно на 10 секунди пред последниот свиреж, Дејвис со убав дриблинг најде простор да упати шут и да погоди, за бод на Удинезе на  овој меч.

Се вчитува...