Удинезе ја продолжи серијата одлични игри и резултати откако „фриулијаните“ славеа на домашен терен над Парма со 1-0, зголемувајќи ја предноста во однос на „опасната зона“ на табелата.
Рецептот за успех беше идентичен како и на претходниот меч, кога на гостувањето во Лече тимот од Удине успеа да слави со еден гол, постигнат од пенал. За разлика од тој дуел, кога фудбалерите се скараа и на крајот Лука ја зеде топката и даде гол, овојпат немаше никаков конфликт, а Тован ја имаше улогата на сигурен реализатор.
За Удинезе ова беше петти меч без пораз во Серија А, при што „фриулијаните“ имаат четири победи и едно реми (со тимот на Наполи). За Парма пак ова е петти пораз во последните шест кола, по што е јасно дека овој тим ќе го очекува тешка битка за опстанок до крајот на оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

