Удинезе на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски стигна до четвртата победа во 6. коло од Серија А откако славеше по пресврт на гостувањето кај Сасуоло со 1-3. Македонецот мечот го започна од клупата, а по неговото влегување на теренот во 67. минута следеше рапсодија и голема победа на гостите.
Вратеси донесе водство за Сасуоло во 33. минута, но црвениот картон на Тресолди направи сериозни проблеми за домаќините. Удинезе се мачеше да стигне до изедначување, а до истото стигна во 75. минута кога Бето ја затресе мрежата. Во 91. минута Самарџиќ го комплетираше камбекот, а Бето со вториот гол во 93. минута ја потврди победата.
🟢⚫️ Sassuolo almost held on for a draw but ⚫️⚪️@Udinese_1896‘s numerical superiority caught up in injury time!#SassuoloUdinese pic.twitter.com/cD97cd1YBF
— Lega Serie A (@SerieA_EN) September 11, 2022
Тренерската смена во Болоња донесе позитивен шок па домашен терен тимот успеа да ја прекине серијата без победа и да слави над Фиорентина со 2-1. Лече и Монца одиграа 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА