Аталанта и Удинезе одиграа нерешено 1:1 во првиот натпревар денеска во Серија „А“. Иако Аталанта важеше за фаворит, сепак, таа улога не ја оправда не само поради резултатот, туку и поради играта. Избраниците на Гаспарини беа далеку под нивото, и од нив се очекуваше многу повеќе.
На првиот гол се чекаше се до вториот дел кога Малиновски со удар од далеку го совлада голманот на Удинезе и донесе водство. Потоа црвен картон доби домашниот тренер Гасперини, а Бето во 94. минута успеа да „откине“ два бода на домашниот тим, и да донесе бод на својата екипа.
Илија Несторовски не доби шанса, остана на клупата за резерви и прв пат конкурира за настап после неколку месеци.
Malinovskyi’s ROCKET 🚀
Atalanta lead 1-0 v Udinese 🔥
Outside the box finishes are his trademark!
Atalanta in a bit of a slump recently (coinciding with Ruslan’s own drop in form? 🧐) but maybe that’s ending today? 😏pic.twitter.com/in0I6Apc78
— Zorya Londonsk (@ZoryaLondonsk) October 24, 2021
Beto goal Atalanta 1 – 1 Udinese @dailymotion – https://t.co/heL0GqdPBx
— tauran (@tauran43255625) October 24, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА