Натпреварите од последниот дел во источната конференција во НБА лигата не донесоа поголеми изненадувања, откако сите позиции пред плеј-инот и плеј-офот веќе беа познати.
Последниот ден од Истокот го одбележа легендарниот кошаркар на Мајами Хит, Удомис Хаслем кој го одигра последниот меч во регуларниот дел од сезоната во победата на „жешките“ над Орландо Меџик од 123-110. Токму Хаслем беше најпрецизен во својот тим со 24 поени, додека кај поразените 22 постигна Кевон Херис.
Резултати Исток: Бостон – Атланта 120-114, Шарлот – Кливленд 106-95, Торонто – Милвоки 121-105, Бруклин – Филаделфија 105-134, Чикаго – Детроит 103-81, Мајами – Орландо 123-110, Њујорк – Индијана 139-136, Вашингтон – Хјустон 109-114.
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПЛЕЈ-ИН:
(7) Мајами Хит – (8) Атланта Хоукс
(9) Торонто Репторс – (10) Чикаго Булс
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПЛЕЈ-ОФ:
(1) Милвоки Бакс – (8)
(2) Бостон Селтикс – (7)
(3) Филаделфија 76 – (6) Бруклин Нетс
(4) Кливленд Кавалирс – (5) Њујорк Никс
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

