УЕФА: 4,7 милијарди луѓе ќе го проследат ЕП, 300 милиони ќе го гледаат финалето

Пандемијата на коронавирус предизвика вистински хаос во фудбалот, но Европското првенство на кое можат да присуствуваат и навивачи, и покрај тоа што на некои места во ограничен број го врати сјајот на „најбитната споредна работа на светот“.

Покрај трибините, голем и е и бројот на фанови ги следат натпреварите на Евро 2020 пред „малите екирани“, а според поценката на УЕФА овој број до крајот на првенството ќе изнесува 4,7 милијарди луѓе.

На Европското фудбалско првенство, заклучно со финалето на 11 јули на стадионот „Вембли“ во Лондон, ќе се одиграат вкупно 51 натпревари, кои 130 глобални радиодифузни партнери на УЕФА ги емитуваат во живо во 200 држави и територии.

Интересно е тоа што секој натпревар на првенството во просек преку телевизиските екрани го гледаат 100 милиони луѓе, а бројката за финалето се очекува да се искачи на 300 милиони луѓе.

Се вчитува...