УЕФА Академијата при Фудбалската федерација на Македонија во периодот од 2. до 5. март ќе биде гостин на ФК Партизан од Белград. Генерациите на фудбалери родени 2002 и 2003 година во главниот град на Србија ќе одиграат по два натревари. Првите средби на програмата се закажани за утре на стадионот ЈНА. Повозрасните играат во 12:00 часот, додека натреварот на играчите родени до 2002 година започнува во 14:00 часот. Ревенаш средбите се закажани на 5. март на стадионот на Телеоптик.
На списокот на Марио Вујовиќ кој ја предводи генерацијата 2002 се следните играчи: Марко Алчевски, Иван Николовски, Ајдини Рилинд, Мартин Ѓоргиевски, Сали Јасин, Горазд Стојменов, Асани Али, Иван Николов, Лука Станковски, Димитар Тодоровски, Филип Андоновски, Стефан Ѓеорѓиев, Харис Зечевиќ, Филип Костовски, Филип Лазаревски, Марио Костески, Адас Рамадани, Муаз Демири, Методи Манасков, Спасе Терзиев и Александар Ѓурковски.
Предводникот на генерацијата 2003, Звонко Златановски за овии натпревари ќе смета на следните фудбалери: Филип Ваневски, Стефан Митров, Филип Ѓорѓиевски, Гордијан Христовски, Самет Реџепи, Лавдрим Ибрахими, Христијан Николовски, Елмедин Рамадани, Александар Божиновски, Џамиљ Јахии, Октај Ракипи, Христијан Георгиевски, Дарко Стојановски, Андреј Стојчевски, Ване Крстевски, Дамјан Ќосевски, Славчо Живков, Грегори Давков, Дарко Марковски, Марио Геговски, Амир Фејзуловски, Никола Димитровски, Бахир Фета, Албан Шабани и Васко Глигоров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА