Нема милост од УЕФА за тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне. Европската куќа на фудбалот денеска ја потврди казната на Симеоне кој ќе мора и финалето од Лигата на Европа во Лион да го следи од трибините.
Стратегот на „јорганџиите“ заработи исклучување на првиот полуфинален меч против Арсенал во Лондон, поради што мораше да го пропушти реванш натпреварот во Мадрид.
Иако се очекуваше дека Симеоне ќе мине само со еден меч суспензија, сепак УЕФА не сакаше да му прости. Па во финалето на 16. мај Атлетико Мадрид од клупата ќе го води Бургос, помошникот на Диего Симеоне.
Атлетико Мадрид се избори за финале откако на реванш пресметката синоќа славеше со 1-0 против Арсенал во Мадрид. Во финалето го очекува дуел со Олимпик Марсеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА