УЕФА жестоко ги казни Жозе Мурињо и Рома поради инцидентите за време и по завршувањето на финалниот дуел од Лигата на Европа против Севилја.
„Волчицата“ го загуби тој меч на пенали, а Мурињо беше бесен на арбитражата на Ентони Тејлор, дури и чекајќи го англискиот судија на паркингот под стадионот, по што упати серија навреди на негова адреса.
Истрага е веќе завршена, па УЕФА денеска објави дека Мурињо е казнет со суспензија од четири европски натпревари. Рома е веќе пласирана во групната фаза од Лигата на Европа, па „специјалниот“ ќе ги пропушти првите четири средби на својот тим во ова европско натпреварување.
Рома е казнета со 50.000 евра за користење на пиротехнички средства од страна на навивачите, плус 5.000 евра казна за односот на фудбалерите за време на финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА