Европската фудбалска организација (УЕФА) ги демантираше шпекулациите дека Светската здравствена организацијa има барање сите фудбалски натпреварувања да запрат до крајот на 2021 година.
Италијанскиот медиум „Република“ објави дека СЗО испратил радикален предлог за запирање на фудбалот на 18 месеци, но УЕФА тоа го негираше.
„Тоа не е точно. Таква препорака од СЗО никогаш не стигнала“, соопштија од УЕФА, истакнувајќи дека целта е сите натпреварувања да завршат.
Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, вчера имаше состанок преку видео-врска со претставниците на сите земји членки и издаде препорака сите национални првенства да бидат завршени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА