Европската фудбалска организација ги демантираше тврдењата на германскиот весник „Шпигел“ кои се произлезени од документите на „Football Leaks“, дека капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, паднал на допинг тест пред финалниот меч од Лигата на шампионите против Јувентус во 2017 година, а токму УЕФА го затскрила целиот случај.
„УЕФА категорично ги отфрла сите наводи и обвинувања. Ако имаше „случај Рамос“, секако дека ВАДА и ФИФА ќе реагираа. УЕФА има комплетна соработка со овие две институции и случајот брзо беше разјаснет. Мора да се потенцира дека ВАДА и ФИФА имаат право да покренат жалба до Арбитражниот суд за спорт во Лозана, а тоа не го сториле“, истакнуваат од УЕФА.
Реал Мадрид го освои трофејот во споменатото финале против Јувентус во Лигата на шампионите во 2017 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА