УЕФА донесе историска одлука за финалето во Лигата на шампионите

УЕФА објави историска промена во распоредот на своето најпрестижно натпреварување  – Лигата на шампионите.

Почнувајќи од овогодинешното финале во Будимпешта, финалето во Лигата на шампионите повеќе нема да се игра во традиционалниот термин од 21 часот, туку ќе започне во 18 часот по средноевропско време. Целта на оваа одлука е да се подобри целокупното искуство за навивачите, тимовите и градовите домаќини.

Целта на оваа промена е финалето да се направи попријатен и подостапен настан за сите, создавајќи пријатна атмосфера што им овозможува и на семејствата со деца да го гледаат најважниот натпревар во сезоната.

За навивачите што патуваат на натпреварот, пораното започнување значи полесен пристап до јавниот превоз по натпреварот и побезбедно и поудобно враќање дома. За градовите домаќини, промената треба да има и поголемо економско влијание, бидејќи навивачите ќе имаат повеќе време да слават и да се дружат по натпреварот.

Новото време на почеток е исто така усогласено со попопуларните телевизиски термини, што ќе му овозможи на настанот да достигне уште поширока публика низ целиот свет преку телевизија и дигитално емитување, со посебен фокус на помладите гледачи.

„Со оваа промена, го ставаме искуството на навивачите во центарот на нашиот фокус. Финалето на Лигата на шампионите на УЕФА е најважниот настан во фудбалската сезона, а новиот почеток ќе го направи уште подостапно, инклузивно и незаборавно за сите учесници. Додека терминот од 21 часот е погоден за натпревари кои се играат во средината на неделата“, се вели во соопштението на УЕФА.

Се вчитува...