УЕФА донесе одлука: Сити го загуби Вокер за осминафиналниот двобој со Спортинг, Интер без Барела

Три меча суспензија доби Кајл Вокер, десниот бек на Манчестер Сити, поради црвениот картон во дуелот со РБ Лајпциг во групната фаза од Лигата на шампионите.

Англискиот гигант нема да поднесе жалба на оваа одлука на УЕФА. Дефанзивецот направи неспортски потег во дуел со Андре Силва и заслужено заврши со црвен картон.

31-годишникот исто така ќе го пропушти првиот меч од потенцијалното четвртфинале, за кое „граѓаните“ се големи фаворити против португалскиот клуб. Отсуството на англискиот репрезентативец ги прави Жоао Кансело и Олександар Зинченко како веројатни бекови на Сити за европските натпревари.

Со слични проблеми се соочува и тренерот на Интер, Симоне Инзаги, кој за двомечот со Ливерпул остана без услугите на Николо Барела. Италијанскиот играч за врска доби црвен картон во последното коло од групната фаза, за што заработи суспензија од два натпревари и нема да може да им помогне на „нероаѕурите“ на двомечот со англискиот гигант.

Се вчитува...