УЕФА донесе одлука за учеството на Русија во Лигата на нации

Руската фудбалска репрезентација и официјално останува надвор од европските натпреварувања, откако УЕФА потврди дека таа нема да биде дел од следното издание на Лигата на нации.

На веб сајтот на УЕФА е објавен списокот на 54 национални селекции кои ќе настапат во петтото издание на ова натпреварување, при што повторно отсуствува Русија. Таа е наведена одвоено од активните репрезентации со јасна напомена дека суспензијата останува на сила до понатамошна одлука.

Руската селекција ќе го пропушти и претстојниот циклус на Лигата на нации, продолжувајќи ја паузата која трае од февруари 2022 година, кога беше исклучена поради воената агресија врз Украина.

Се вчитува...