УЕФА дозволи навивачи во Лигата на нации: Натпреварот меѓу Македонија и Косово со публика!?

Натпреварот меѓу Македонија и Косово во полуфиналниот бараж од Лигата на нациите за пласман на Европското првенство, би можел да се игра со навивачи, но само доколку такво нешто дозволуваат законските можности на земјата домаќин. Македонија и Косово треба да играат на 8. октомври на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Како што пренесуваат дел од европските медиуми по ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите, УЕФА дозволила навивачи на натпреварите во сите нејзини натпреварувања до крајот на годината, вклучително и натпреварите од Лигата на нации закажани за следната недела.

„Дозволено ќе биде пополнување 30% од капацитетот на стадионот, со тоа што нема да биде дозволено гостински навивачи и сето тоа ќе биде и во корелација со домашните закони“ – е одлуката од УЕФА.

 

Капацитетот на националната арена „Тодор Проески“ е 33.000 седишта, што значи УЕФА би дозволило присуство на 11.000 домашни навивачи. Но, се разбира пресудно околу сето тоа ќе бида одлуката на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство кои во Македонија строго забрануваат натпреварувања со присуство на публика.

УЕФА дала зелено светло и за навивачи на натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите и Лигата на Европа под истите услови, со исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот и без гостински навивачи.

Се вчитува...