УЕФА е јасна: Мбапе не смее со таа маска на терен!

Лекарскиот тим на француската репрезентација и Килијан Мбапе одлучија да избегнат хируршка интервенција на носот кај најдобриот француски фудбалер, и останатиот дел од европското првенство да го игра со маска.

Мбапе настрада во дуелот со Кевин Данс на дуелот против Австрија, па беше неизвесен за настап на денешниот натпревар против Холандија. Но, 25-годишниот напаѓач вчера го одработи тренингот снимен со маска на лицето, која очигледно нема да може да ја носи на официјалните натпревари.

Правилата на УЕФА се јасни. Според членот 42 од правилникот на УЕФА, лекарската опрема која фудбалерот ја носи на терен мора да биде еднобојна, а маската на Мбапе е во боите на Франција.

Се вчитува...