УЕФА е сериозна: Челси, Сити и Реал ќе бидат исфрлени од ЛШ сезонава?!

УЕФА е крајно сериозна за експресно да одговори на заканата од Супер-лигата на Европа, со елиминација на клубовите од ЛШ и од ЛЕ веќе од оваа сезона во европските купови.

Манчестер Сити, Челси и Реал Мадрид треба да бидат дел од полуфиналето во Лигата на Шампионите, додека Манчестер Јунајтед и Арсенал се дел од полуфиналните двојки во Лигата на Европа. Доколку заканите се реализираат, ПСЖ без борба би станал првак на Европа, додека Рома и Вилјареал би играле во финалето од ЛЕ.

„Во моментов се консултираме со врвни правници околу тоа каква е можноста за експресна дисквалификација на клубовите од Супер-лигата, за веднаш да бидат елиминирани од европските купови за оваа сезона. Доколку имаме простор за таква одлука од правен аспект, без размислување ќе ја донесеме“, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Се вчитува...