УЕФА: Финалето на ЛШ ќе се игра во Истанбул!

Европската куќа на фудбалот УЕФА, денеска ги демантираше шпекулациите на одредени медиуми дека финалето во Лигата на шампионите од Истанбул ќе биде преместено во Лисабон.

„Дејли Мејл“ пишуваше дека би можело да дојде до преселба, особено ако се знае дека во Турција има претседателски избори, па се стравува за евентуални немири, но УЕФА сето тоа го демантираше и кажа дека финалето ќе се одигра според планот.

„Натпреварот ќе се одигра во Истанбул на 10. јуни, како што е планирано“, наведува УЕФА и притоа додава:

Постои ризик за нереди ако на претседателските избори изгуби Реџеп Тајип Ердоган, кој е на власт две децении.

УЕФА веќе двапати го премести финалето од Истанбул поради пандемијата на коронавирусот, но сега нема тоа да се случи. Главниот град на Португалија беше Б варијанта, а таму се одигра пред две години. Лани наместо во Истанбул, се одигра финалето во Париз.

Се вчитува...