Хрватскиот фудбалски сојуз официјално информираше дека ја добиле казната од УЕФА за случувањата за време на дуелот со Албанија, но само за инцидентите предизвикани во однос непочитување на правилата поврзани со фрлање предмети и пиротехника.
Како што информираа Хрватите, добиена е казна од 28.000 евра за употребени факели и фрлени пластични шишиња на терен од страна на нивните навивачи. Со сето тоа, по претходната казна од 87.000 евра, Хрватскиот сојуз досега има платено 115.000 евра казни за однесувањето на своите навивачи на ЕВРО 2024, што е најмногу досега од сите репрезентации на првенството.
Но, се уште нема одлука по пријавата за скандирање „Убиј го Србинот“, во корелација со албанските навивачи на стадионот.
Исто така, УЕФА се уште не донела одлука и околу казната за албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку кој по натпреварот скандираше навредливо на сметка на Македонците и Србите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА