Баерн Минхен, Галатасарај и АЕК беа казнети од УЕФА поради проблеми со навивачите за време на Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
Од евроспката фудбалска централа во петокот соопштија дека Баерн Минхен мора да плати 40.000 евра поради фрлање на различни предмети од страна на нивните навивачи за време на натпреварот одигран во Копенхаген.
Санкцијата за Галатасарај е поради проблемите предизвикани од нивните навивачи на „Олд Трафорд“ за време на дуелот со Манчестер Јунахтед. Тие ќе мора да платат 51.500 евра.
Казната за АЕК е 81.625 евра поради фрлање на различни предмети на теренот вклучувајќи и факели на мечто со Ајакс од Лигата на Европа во грчката престолнина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА