Истанбул денеска е град-домаќин на ждрепката за групната фаза од Лигата на Шампионите, на која вообичаено се доделуваат и наградите за најдорите фудбалери за минатата сезона.
Први лауреати на денешната церемонија се членовите на медицинскиот тим на данската репрезентација, кои му пружија прва помош на Кристијан Ериксен, спасувајќи му го животот на големиот ас кој колабираше на теренот за време на натпреварот на ЕВРО 2020 меѓу Данска и Финска.
Претседателот Александар Чеферин на сите им додели по една статуетка како „претседателска награда“ во знак на благодарност за фантастичната тимска работа во најважната битка што ја добија и му го спасија животот на Ериксен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА