УЕФА ги најавува ѕвездите за ЕП: Барди во друштво на Рашфорд, Асенсио, Мартинс, Гинтер, Берарди…

Има уште шест месеци до Европското првенство во Полска за фудбалски селекции до 21 година на кое ќе учествува и Македонија, но УЕФА уште отсега го најавува овој настан како дефиле на најдобрите млади играчи во Европа. А меѓу ѕвездите кои Европската куќа на фудбалот очекува да заблескаат во Полска е и Енис Барди, креаторот на играта на тимот што го предводи Благоја Милевски. Според УЕФА, Барди е во навистина одбрано друштво, со Маркус Рашфорд (Англија) од Манчестер јунајтед, Марко Асенсио (Шпанија) од Реал Мадрид, Томас Гинтер (Германија) од Борусија Дортмунд, Желсон Мартинс (Португалија) од Спортинг Лисабон, Марко Берарди (Италија) од Сасуоло…

УЕФА одбра по еден фудбалер од секоја репрезентација учесник на Европското првенство, предвидувајќи дека би можел да биде ѕвезда на Европското првенство.

„Барди постигна осум гола за својот тим Ујпешт на 18 натпревари во унгарскиот шампионат, иако е всушност играч од средниот ред. Тој исто така беше стрелец на два гола и за Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство“, наведува УЕФА на својата официјална страна.

Еве ги и можните ѕвезди на ЕП во Полска, според УЕФА…

ГРУПА А

Англија – Маркус Рашфорд (Манчестер јунајтед)

Полска – Пјотр Зиелински (Наполи)

Словачка – Мартин Криен (Плзењ)

Шведска – Александер Ајсак (АИК)

ГРУПА Б

Македонија – Енис Барди (Ујпешт)

Португалија – Желсон Мартинс (Спортинг Лисабон)

Србија – Андрија Живковиќ (Бенфика)

Шпанија – Марко Асенсио (Реал Мадрид)

ГРУПА Ц

Чешка – Патрик Шик (Сампдорија)

Данска – Каспер Долберг (Ајакс)

Германија – Матијас Гинтер (Борусија Дортмунд)

Италија – Доменико Берарди (Сасуоло)  

Се вчитува...