УЕФА ги номинираше кандидатите за најубавите голови на сезоната во ЛШ

Лигата на шампионите заврши, трофејот замина во синиот дел на Манчестер. Манчестер Сити за првпат во историјата стана европски првак со триумфот над Интер од 1-0 во финалето во Истанбул.

УЕФА на својата страница ги објави кандидатите за најубавиот гол на сезоната во најелитното натпреварување. Интересно е тоа што напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе двапати е номиниран за своите два гола против Јувентус во групната фаза.

Покрај него, меѓу номинираните се уште и Халанд, Де Брујне, Родри, Меси, Нуњез, Грималдо, Винисиус Жуниор и Адејеми.

Кандидатите за најдобар гол на сезоната може да ги погледнете ТУКА.

Се вчитува...