УЕФА покрај почетокот на војната со Супер-лигата на Европа денеска официјално го претстави и својот проект за промена на европските натпреварувања од 2024 до 2027 година.
Во изминатиот период европската куќа на фудбалот работеше со претставниците на клубовите (ЕКА) на промена на системот на натпреварување во ЛШ, што доби конечен изглед со презентацијата на денешниот проект.
Лигата на Шампионите ќе биде зголемена од 32 на 36 екипи, а натпреварите ќе се играат во вторник, среда и четврток. Нема да има директна поделба по групи, туку виртуелна лига според ранкингот на клубовите. Секој тим ќе игра по десет меча во лигашкиот дел, па така оние со најдобро рангираање е играат два дуели со ривали од свој ранг, три со екипи од вториот шешир, три од третиот шешир и два меча со најслабо рангираните екипи во Лигата на Шампионите.
Најдобрите осум екипи на табелата директно ќе се пласираат во осминафиналето од ЛШ, а за останатите осум места преку плејоф ќе разигруваат тимовите кои се од деветтото до 24. место. Поразените од овие плејоф натпревари ќе се преселат во Лигата на Европа.
Воедно, сериозно се разгледува опцијата за фајналфор турнир со најдобрите четири екипи, по позитивните реакции од јавноста по финишот од ланското натпреварување во Лисабон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА