УЕФA ги објави финалистите: Ван Дајк против двајцата великани

УЕФА денеска ги објави тројцата финалисти во трката за наградата за најдобар играч според европската куќа на фудбалот за сезоната 2018/2019. На листата од тројца играчи вообичаено се наоѓаат Лионел Меси и Кристијано Роналдо, но овојпат двете мегаѕвезди имаат улога на аутсајдери во однос на Вирџил ван Дајк.

Холандскиот дефанзивец имаше импресивна сезона помагајќи му на Ливерпул да стигне до европската титула, што го прави Ван Дајк голем фаворит во трката за големото признание. Кристијано Роналдо може да се пофали со освојување на трофејот во Лигата на Нации, како и со првото скудето по трансферот во Јувентус, Меси стигна до „златната копачка“ во Европа и воедно беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите, но според фудбалската јавност големи се шансите двајцата голгетери да ја загубат оваа трка од одличниот дефанзивец.

УЕФА го објави и изгледот на гласањето од четвртото до десеттото место, а интересно е што по триото финалисти следи трио на фудбалери на Ливерпул, Алисон Бекер на четвртото, Садио Мане на петтото и Мохамед Салах на шестото место. Еден Азар е „награден“ со седмата позиција за освоената титула во ЛШ, зад него следи екс-тандемот на Ајакс, Де Лихт – Де Јонг, кои се наоѓаат на делба на осмото и деветтото место, а Топ 10 листата ја заокружува Рахим Стерлинг од Манчестер Сити.

Името на освојувачот на престижното признание ќе биде обелоденето на 29 август во Монако, за време на ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите.

Се вчитува...