УЕФА ги објави најдобрите 11 на неделата во ЛШ: Валверде е МВП на неделата!

Пo одигрувањето на првите натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите, УЕФА го објави најдобриот состав на неделата во најелитното клупско натпреварување во Европа.

По двајца играчи во најдобриот тим на неделата имаат сосема очекувано Реал Мадрид, Баерн Минхен, Атлетико Мадрид и турскиот Галатасарај.

За МВП на неделата е, кој друг, ако не Валверде од Реал Мадрид кој постигна хет-трик за едно полувреме во победата од 3-0 на „кралевите“ против Манчестер сити.

Се вчитува...