УЕФА ги одбра најдобрите во ЛШ: Винисиус фудбалер на сезоната, во идеалниот тим нема место за Мбапе (ФОТО)

Реал Мадрид по 15 пати во историјата ја освои Лигата на Шампиони триумирајќи во големото финале одиграно на „Вембли“ против Борусија Дортмунд со 2-0.

Еден од стрелците на овој натпревар беше Винисиус Џуниор, а бразилскиот напаѓач денеска беше одбран и за играч на сезоната од страна на УЕФА.  Покрај него индивидуална награда освои и Џуд Белингхем кој е прогласен за најдобар млад фудбалер.

Традиционално беа одбрани и иделаните единаесетмина, а меѓу нив се најдоа по четири фудбалери од редовите на двата финалисти. Изборот падна на: Кобел (Борусија Дортмунд), Матсен (Борусија Дортмунд), Хумелс (Борусија Дортмунд), Ридигер (Реал Мадрид), Карвахал (Реал Мадрид), Витиња (ПСЖ), Забицер (Борусија Дортмунд), Белингам (Реал Мадрид), Фоден (Манчестер Сити), Винисиус Џуниор (Реал Мадрид), Кејн (Баерн Минхен).

Интересно, место во идеалниот состав немаше за Килијан Мбапе кој со осум голови беше изедначен заедно со Кејн како најдобар голгетер на сезоната.

Се вчитува...