Европската куќа на фудбалот (УЕФА) најверојатно во вторник ќе одржи „кризен состанок“ на кој единствена тема ќе биде коронавирусот кој интензивно се шири на Стариот континент, со што ги загрозува и фудбалските активности.
Веќе се навестуваат предлози за одложување на сите мартовски репрезентативни натпревари кои се во календарот на УЕФА, а меѓу нив и бараж натпреварите од Лигата на нациите за пласман на ЕП 2020. Со тоа би се одложил и натпреварот меѓу Македонија и Косово закажан за 26. март во Скопје.
Според најавите, утре во Амстердам најпрво ќе има состанок Извршниот состанок на УЕФА а во вторник пред Конгресот на УЕФА ќе има и „кризен состанок“.
„УЕФА е во консултација со сите Влади каде во моментов се регистрирани случаи на вирусот Ковид-19. Ќе имаме разговори и со претесдеталите на националните федерации по што ќе донесеме одлука. Секако здравјето е на прво место, а спортот потоа“ – истакнуваат надлежните од УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА