УЕФА ги одреди „најдобрите 11“ за 2017 година

Европската фудбалска федерација ги одреди најдобрите 11 фудбалери за 2017 година според гласовите на читатлетите на официјалната веб – страница. 50 играчи беа меѓу номинираните, додека гласањето се одржуваше од 22. ноември до 10. јануари. Шпанскиот и европскиот првак Реал Мадрид има најмногу претставници во „дрим – тимот“ – пет играчи, а покрај „кралевите“ со повеќе од еден играч е само тимот на Јувентус, имаат двајца претставници.

На голот е незаменливиот Џанлуиџи Буфон (Јувентус), четворката дефанзивци пред него се: Марсело (Реал Мадрид), Џорџо Кјелини (Јувентус), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Дани Алвеш (Јувентус/ПСЖ).

Тројцата „диригенти“ во средниот ред се Лука Модриќ (Реал Мадрид), Тони Крос (Реал Мадрид) и Кевин Де Бруин (Манчестер сити).

„Убиственото“ трио во нападот го сочинуваат Еден Азар (Челси), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) и Лионел Меси (Барселона).

Интересен е фактот што недостасуваат ѕвездите на ПСЖ, Нејмар и Килијан Мбапе и покрај тоа што зад себе имаа импресивна година кога станува збор за постигнати погодоци и асистенции, но во овој избор не одлучуваат само тие учиноци. Исто така недостасува и Хари Кејн кој заврши како најдобриот стрелец во Европа за 2017 година.

Се вчитува...