УЕФА ја промени судиската четворка за квалификацискиот натпревар меѓу Македонија и Италија кој утре од 20:45 часот се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
И покрај тоа што првично беше делегиран германскиот судија Феликс Цвајер, во последен момент УЕФА ги промени судиите, па сега правдата во Скопје ќе ја дели Французинот Франсоа Летисие. На Летисие ќе му асистираат сонародниците Закрани и Рамуни, а судијата во ВАР-собата исто така ќе биде од Франција, Жером Брисар.
Летисие претходно и судел на младата репрезентација на Македонија на Европското првенство 2017 во Полска, на дуелот против Србија кој заврши без победник, 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА