Шимон Марчинјак ќе ја има честа да биде главен судија на големото финале од Лигата на Шампионите што на 10 јуни ќе се игра во Истанбул, каде силите ќе ги одмерат екипите на Манчестер Сити и Интер.
Полскиот арбитар важи за еден од најдобрите во Европа во последните години, во декември тој беше главен судија на големото мундијалско финале меѓу Аргентина и Франција, за сега да добие шанса да го води и натпреварот за европската круна меѓу Сити и Интер. Тој е меѓународен судија уште од 2011 година, во 2018 беше четврти судија на големото финале на ЛШ, а ова ќе му биде прв финален меч како главен судија во елитното европско фудбалско натпреварување.
Марчињак сезонава делеше правда на осум натпревари од Лигата на Шампионите, меѓу нив и реваншот од полуфиналето меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид што „граѓаните“ го добија со убедливи 4-0.
Ентони Тејлор од Англија е избран за главен судија на финалето од Лигата на Европа меѓу Рома и Севилја (31 мај, Будимпешта), додека Шпанецот Карлос дел Черо Гранце ќе биде задолжен за делење на правдата во финалето од Конференциската Лига на УЕФА меѓу Фиорентина и Вест Хем (7 јуни во Прага).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА