УЕФА го избра судијата за финалето на ЕВРО 2020

Холанѓанецот Бјорн Кујперс ќе биде главен судија на неделното финале на ЕВРО 2020, што со 21 часот ќе стартува на „Вембли“ во Лондон.

Изборот на судиската комисија на УЕФА падна врз 48-годишниот Холанѓанец, кој во 2014 година судеше финале во ЛШ меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, а четири години подоцна беше задолжен и за мечот за трофејот во Лигата на Европа меѓу Атлетико Мадрид и Олимпик Марсеј.

Тој судеше три средби на овој европски шампионат, победата на Белгија над Данска од 2-1, убедливиот триумф на Шпанија од 5-0 над Словачка, како и четвртфиналната пресметка во која Данска ја совлада Чешка со 2-1.

Помошници на Кујперс во големото финале ќе бидат Ван Рекел и Зеинстра од Холандија, а задолжен за ВАР-ситуациите ќе биде Германецот Бастијан Данкерт.

Се вчитува...