УЕФА го избра судијата за финалето на ЛШ

Италијанскиот судија Даниеле Орсато ќе ја има честа да ја дели правдата на големото финале од Лигата на Шампионите меѓу ПСЖ и Баерн Минхен што ќе се игра в недела на стадионот на Бенфика во Лисабон.

Овој 44-годишен арбитар е меѓународен судија од 2010 година, а неделното финале ќе му биде прв меч за трофеј во европскиот фудбал. Сезонава тој ја делеше правдата на осум средби од ЛШ, вклучувајќи го и првиот осминафинален натпревар меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити. Негови помошници ќе бидат Манганели и Џалатини од Италија, четврти судија ќе биде Романецот Хатеган, додека улогата на ВАР-судија ќе му биде доделена на Италијанецот Масимилијано Ирати.

Претходно, за утревечер е закажано големото финале од Лигата на Европа меѓу Севилја и Интер, на кое главен судија ќе биде Дени Макелие од Холандија.

Се вчитува...