УЕФА го казни одбранбениот фудбалер на Манчестер јунајтед, Ерик Баи со три меча суспензија, поради црвениот картон против Селта, па Жозе Мурињо нема да може да смета на овој фудбалер за Супер-купот на Европа против Реал Мадрид што следниот месец ќе се игра во Скопје.
23-годишниот дефанзивец беше исклучен на полуфиналниот ревашн меч во Европа лигата против Селта, поради неспортско однесување. Откако настана мешаница меѓу фудбалерите на двете екипи, Баи ги изгуби нервите и со тупаници се обиде да го нападне напаѓачот на Виго, Џон Гвидети.
Баи веќе го пропушти финалето против Ајакс, каде Јунајтед и без него успеа да го обезбеди европскиот пехар. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска нема да игра против Реал Мадрид во Скопје, а Мурињо нема да може да смета на него и во првото коло од групната фаза во ЛШ.
https://www.youtube.com/watch?v=dabsOoyGbMk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА